Непалецот Говинда Карки преживеал лет заклучен во багажникот за товар во патнички авион.

Говинда Карки случајно бил заклучен во контењер кој бил натоварен во авион на линијата Доха – Катамунда.


Несреќниот непалец по слетувањето е пронајден онесвестен и веднаш бил однесен во болница, од каде е покасно отпуштен.

Авио компанијата Катар Аирвејс изјавила дека Говинда Карки наскоро ќе се врати на работа во Доха.