Еден Непалски шерпас го освоил Монт Еверест по 19-ти пат. Апа, кој како и повеќето шерпаси се претставува само со името го освоил врвот висок 8850 метри како водач на странска експедиција и во друштво на неколку свои колеги. На врвот поминале неколку минути и сега безбедно се враќале во логорите.


Апа на Монт Еверест прв пат се искачил 1989 година, и оттогаш се искачува секоја година. Негов најблизок ривал е шерпасот Нима, кој се искачил 15 пати. Апа од 2006 година живее во предградието на американскиот град Солт Лејк Сити.