Фудбалерот на Удинезе, Илија Несторовски, на најнеспортски и најлош можен начин одговори на критиките од македонската спортска јавност за перформансот на дуелот со Романија, кој нашата селекција го изгуби со 3-2. Несторовски со паненка удар стрелаше прецизно од белата точка во убедливиот триумф над Лихтенштајн од 5-0, но прво гестикулираше со раката, а потоа упати сочни пцовки директно кон јавноста, онаа истата која за три месеци ќе стиска палци и ќе држи за среќа за што подобар резултат на Европското првенство.
Во најмала рака Несторовски треба да се извини и да побара прочка од јавноста, а секако дека не се исклучени дополнителни санкции од селекторот и од репрезентацијата.
OhridNews
Фото: Gol.mk
Македонија го растури Лихтенштајн за прва радост во мундијалските квалификации (видео)