Неопходно е отворање на Дневен центар за деца со посебни потреби. Претставници на невладините организации денес на одржаната Јавна трибина во општина Охрид, ја пренесоа оваа потреба на родителите, бидејќи како што велат голем дел од овие деца, а посебно децата со церебрална парализа кои неможат да се движат живеат во изолација. Велат Дневниот центар „Зраци“ е сепак за лица над 18 годишна возраст, а потреба се однесува на деца кои се помали, додаваjќи дека е потребно првично да се најде простор кој ќе ги задоволи потребните стандарди.
Како општина не можеме веднаш да воспоставиме таков Дневен центар, поради институционални пречки. Но, на Јавниот повик да се достави проект кој меѓудругото треба да ги содржи потребни средства и отприлика колку деца би имале потреба и би го посетувале овој Центар, рече Димитар Спасески од Секторот за образование, детска, здравствена и социјална заштита. Првично е предложен просторт кај Касарната за можна локација во иднина тука да биде сместен Дневнот центар за деца со посебни потреби.
Начелно е добиена согласнот да се доизгради пристапната рампа која е потребна кај Касарната. Во петок на терен заедно со градоначалник Кирил Пецаков, при посета на просторот кај Касарната каде треба да се види локацијата за Младинскиот центар, ќе биде разгледана и идејата за евентуална локација на Дневниот центар, по што ќе се подготви веднаш одлука за тие простории рече Спасески.
Од организациите на оваа предложена идеја за можна локација на Дневниот центар имаа потврден одговор бидејќи како што рекоа простор е соодветен според условите кои ги исполнува.
Предложено беше како пилот верзија за 2022 година Проектот да биде поднесен од организациите како нивна проектна активност, а да биде поддржан од општина Охрид.
Н.С.Ј.