Итно да се започне со изградба на насип на патот Струга-Дебар кој ќе ја акумулира водата што наскоро ќе почне да се испушта од езерото Глобочица и со тоа да се намали нивото на водата во Охридското Езеро.
Ова е еден од заклучоците на денешниот состанок за ризици во домен на инфраструктурата, каде беше соопштено дека, според податоците на ЕЛЕМ, нивото на водата на Охридското езеро во моментов се наоѓа на 12 сантиметри над дозволената квота од 693,75 метри, но дека состојбата не е критична.
Од Центарот за управување со кризи потсетија на 1986 година кога нивото на водата во Охридското Езеро достигнала 18 сантиметри над дозволената квота.
Состанокот на платформата се одржа под водство на министерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски, а во него учествуваа претставници од сите служби и институции надлежни за справување со поплавите.
Од Центарот за управување со кризи информираат дека состојбата будно се следи и во другите кризни делови од Македонија, особено во Пелагонискиот, Струмичкиот и Полошкиот регион кои во последните десетина дена беа поплавени поради неистечени одводни канали.
Ohridnews
Copyright 2010 makfax. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со макфакс.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com