Кукасти крстови, фашистички како и други пораки со недолична содржина осамнаа денеска на фасадата и прозорите од О.У. Св. „Климент Охридски“. Неонацистички симболи и вулгарни пораки испишани се и во дворното место на училиштето.


Овој вандалски чин се случил ноќеска  не информираа одговорните во училиштето кои се згрозени од настанот.

-Запрепастена сум и тажна, но воедно  и револтирана од ова што се случи, бидејќи ова не е прв пат нашето училиште да осамнува со графити, но во олкава мера и директни фашистички пораки до сега немало, и не сакаме да видиме на ниту едно улишиште, ни изјави директорката на ушилиштето Славица Илиќ.

 
Инцидентот се случи во годината кога О.У. „Св. Климент Охридски“ одбележува 110 години од постоењето и на само еден ден пред свеченоста со која ќе официјално ќе биде означено воведувањето на едносменското работење.

Пораките се провокативни, вулгарни и навредливи и очигледно е дека некој сака да не запре да одиме напред, но нема да успее затоа што ние до утре ќе го доведеме училиштето во ред и ќе ги реализираме предвидените активности, рече Илиќ. Таа напомна дека во соработка со надлежните истражни органи ќе бидат преземени сите мерки за откривање на сторителите на овој вандаласки чин. Дел од пораките се упатени кон лице вработено во училиштето без никаква причина, рече директорката на училиштето. Илиќ кажа дека постојат одредени сомневања за можните сторители, но во интерес на истрагата не сакаше да открие повеќе детали.


Инцидентот го осудија и членовите на Советот на родители на училиштето.

-Ова е дело кое заслужува секаква осуда, ни иајави Царева Рувинова.

„Не би сакала ова да го види ниту моето дете, ниту било кое друго дете. Веднаш ќе реагираме и ќе преземеме мерки ова најитно да се исчисти и да не се повтори“, додаде Рувинова.

Според неа во училиштето треба да се постават видео камери и да се воведе чуварска служба за да не се повтоуваат ваквите испади.


Увид во О.У. „Св. Климент Охридски“ попладнево изврши охридската полиција, од која јавноста очекува брзо да ги открие сторителите на вандалскиот чин и да ги изведе пред лицето на правдата.

Горан Момироски