По објавата на Ohrid News за заминувањето на Сашо Лескароски од охридскиот бокс на неговата адреса пристигна неодолива понуда.


Имено, охридската боксерска легенда Саше Митрески и неговиот менаџер Лука Поповиќ сакаат да го внесат Лескароски во професионалниот бокс.

– Пред околу еден месец Саше Митрески заедно со неговиот менаџер ми понудија да се префрлам во професионалниот бокс. Наредниов викенд ќе одиме во Белград, ќе разговараме и ќе одлучиме што е најдобро за мојата кариеара. Ако се одлучам да боксувам во профи категориите, никогаш повеќе нема да можам да се борам во олимпискиот бокс во кој е дел и македонскиот шампионат. Да бидеме искрени вложувањето во македонскиот бокс е залудно потрошено време бидејќи квалитетот е на многу ниско ниво – рече Сашо Лескароски.

Ако се одлучи да пристапи на професионалниот бокс првата борба на охриѓанецот треба да биде во новата 2015 година.

Мх.П.