Пролетта пристигна, но за жал наместо да уживаме во будењето на природата, на секој чекор слики како доказ за неодговорно постапување на поединци со зелениот отпад, реагираат од ЈП Охридски Комуналец.

Се средуваат градините и дворовите, па голем дел од зелениот отпад завршува или во контејнерите, или покрај контејнерите, велат.

Апелираат граѓаните да се јават на дежурниот телефон за пријавување на проблеми околу собирање на кабаст и зелен отпад тел. 075-495-428 за надминување на овие проблеми, зошто, потенцираат нивните градини се уредени, но останува отпадот кој секојдневно го гледаат сите граѓани.

OhridNews