Македонската фудбалска репрезентација ќе добие неочекувана предност на дуелот со Албанија кој синоќа беше прекинат во 76-та минута при резултат 1-1 поради поројни дождови на „Лори Боричи“ стадионот.
Според албанските медиуми, дефанзивецот Берат Џимшити заработил тешка повреда на коленото и селекцијата домаќин мечот ќе го продолжи со десет фудбалери бидејќи ги изврши трите измени претходно.
Прекинатиот натпревар ќе се доигра денеска во 14 часот, а Македонија има одлична можност квалификациите за пласман на Мундијалот во Русија да ги започне со поволен резултат.
OhridNews