Жителите на Њујорк биле исплашени од необично светло кое се појавило на небото. Се појавила црвена линија која била снимена и од телевизиската камера. Објаснувањата биле најразлични. Воените експерти ги уверуваат граѓаните дека се работи за најобичен авион, но многумина веруваат дека станува збор за ракета лансирана од брегот на Калифорнија.


Наредниот ден се појавило слично светло кое како да го пресекло небото. Необичната појава била снимена од еден новинар кој го повикал локалниот астроном и побарал објаснување. Астрономот го дал истиот одговор, дека најверојатно станува збор за авион. Камерманот не верува во тоа, бидејќи светлото се движело пребрзо.