Кокошката Гледис, која единствена преживеана по нападот на една лисица, ја спасиле нејзините сопственици и ја внесле во својата куќа пред два и пол месеци. Но, тогаш грижата за штотуку испиленото пиле ја презел десетгодишниот мачор кој го чистел, капел и хранел.


Сопствениците Џејн и Алберт кои се занимаваат со одгледување на пони, рекле дека Гледис од нападот се опоравила благодарение на мачорот и ја задржале како домашно милениче.

-Гледис сеуште доаѓа дома да си игра со мачорот. Скока околу него, а тој само стои, ја гледа и тоа воопшто не му смета. Од време на време дури и ќе ја прегрне. Станаа најдобри пријатели. Кога почна да излегува надвор, кокошката не излегуваше без мачорот. Тие се навистина чуден пар – раскажува Џејн.