Охридското село Елшани веќе од поодамна е на мапата на европските и светски тур-оператори. Од година во година бројот на туристи кои го посетуваат селото се зголемува. Доаѓаат различни луѓе од различни места и со различни манири, но со една цел – да ги видат убавините на Елшани и на Езерото и Галичицаа, гледани и почувствувани во Елшани.Меѓу бројните гости доаѓаат Холанѓани, Израелци, Јапонци, Французи, Бугари, Срби, Словенци, Пољаци и други.
И оваа година туристичката сезона во Елшани веќе започна. Секојдневно доаѓаат групи туристи кои го вкусуваат елшанското добредојде и елшанските домашни јадења, а уживаат и во јавањето на магариња што претставува и една своевидна атракција. Но и гостите можат да бидат атрактивни. Токму такви гости денес го посетија Елшани. Ева и Виктор Милер од Берлин, Германија, заедно со тројца необични придружници – кучиња – транспортери: Ива, Ида и Бјорн кои натовартени со различни камперски и туристички потребштини чекорат, се движат или лежат крај своите сопственици.
Ева и Виктор се вљубеници во природата и во пешачењето, но нивната пасија се авантури на велосипед низ цел свет. Токму и оваа маршрута во која и Елшани е на нивниот пат претставува дел од нивните авантури. Нивните велосипеди се опремени и со приколки во кои се сместуваат нивните корисни кучиња-кои беа вистинска атракција за жителите на Елшани. Патем, во агендата на Ева и Виктор е и набавката на едно магаре кое би им олеснило за транспорт на нивните преполни и тешки ранци во кои собираат и носат сувенири од секое доживеано место. Токму во Елшани тие разгледуваа повеќе магариња за да можат да изберат едно силно и, како што велат, карактерно* магаре кое ќе треба да пропешачи повеќе од илјада километри за да стигне од Елшани до Берлин. Необичните туристи со своите придружници – натоварените кучиња веројатно ќе бидат уште понеобични со новиот нивни придружник*.
Инаку, сезоната во Елшани само што започнала, а атракциите се можни и во иднина. Впрочем и тоа е дел од убавината на патувањата и доживувањата
OhridNews
Фото:Дим Дон