Ако сте незадоволни со своето презиме, верувајте дека има и полоши од вашето. Некои кинески семејства носат необични презимиња како „Нула“, „Дух“, па дури и „Смрт“. Ченг Линглијан поминал 20 години истражувајќи ги необичните презимиња.
Повеќето кинези се презиваат Занг, Ванг, Ли, Лиу и Чен. Тоа во буквален превод се „Стари и ценети презимиња“. Кинезите се многу празноверни и веруваат дека доколку на детето му дадат добро име, ќе израсне во здрав, силен и богат човек. Иако законски е дозволено да се менуваат презимињата, не се знае колку од луѓето со необични презимиња ги промениле своите.