Славниот бразилски фудбалер Хулк ја разбранува јавноста во родната земја крунисувајќи ја необичната љубовна приказна со брак. Хулк се ожени со внуката од поранешната сопруга.

Врската помеѓу Хулк и Камила започнала три месеци после разведувањето на фудбалерот со поранешната сопруга, Иран Ангело де Суза.

Парот уште пред да стапи во брак живеел заедно во Кина, каде фудбалерот ги брани боите Шангај. Камила имала проблеми со документите за престој, но после бракот со Хулк ќе добие виза и ќе може без проблеми да престојува Кина.

Бразилскиот интернационалец и Ангело де Суза во брак биле 12 години од кој имаат три деца.

OhridNews