Оваa свиња својот идентитет го открива само со муцката, а повеќе наликува на овца. Таа предизвикала голем интерес на една аукција. Среќниот купувач за неа издвоил дури 250 фунти. Иако за нашето поднебје овие свињи се многу необични во Британија постојат но се многу ретки.


Одгледувачот Џорџ изјавил дека ги набавил бидејќи му биле интересни но и дека сите ги продал. Предизвикувале голем интерес кај луѓето кои неретко ги фотографирале. Купувачот ја набавил за својата ќерка која свињата ќе ја чува како куќен љубимец.