Советот на општина Охрид денеска заседаваше, но во невоoбичаен состав. Наместо избраните советници кои поради оддолжувањето на преговорите за распределба на функции сеуште не одржале работна седница, во советничките клупи седнаа основците од „Христо Узунов“.


Учениците од третите одделенија на основното училиште „Христо Узунов“, според  новата програма на деветгодишно основно образование, претпладнево ја реализирираа предвидената методска единица за посета на Општината и запознавање со работата на Советот и Градоначалникот како органи на локалната власт.


Во големата сала на општинската зграда, во придружба на нивните наставнички-одделенски раководители, тие ја имаа улогата на членови на Советот при што наместо „советнички прашања“ кои би ги поставувале „вистинските“ советници, се интересираа за начинот на работа и поставеноста на органите на општината, за тоа „како се станува“ советник или градоначалник; „што работи градоначалникот“, „што е тоа дневен ред“, како работи Советот, како „се станува“ претседател на Советот, информираше локалната самоуправа.


Учениците го посетија и кабинетот на градоначалникот, но не се сретнаа со Петрески  кој бил на службен пат.

Ohridnews
фото:Ohrid.gov