Младиот музички уметник од Охрид, Петар Маркоски, деновиве започна необична турнеја низ Македонија, при што посети повеќе населени места и интересни локалитети, каде го презентираше проектот „Cover Songs of the famous”, кој започна со реализација неодамна.
Петар е прв македонски изведувач кој работи на преработки на странски хитови. Од неодамна тој започна да соработува со „Labino Production“/„Лабино Продукција“ каде што продолжува со својот проект. До сега се снимени повеќе од 10 светски познати наслови, а турнејата што започна на 20 јуни претставува круна на овој музички проект.
Турнејата се снимаше како мини серијал на една интересна музичка авантура на Петар Маркоски со пријателите и „Лабино Продукција“ каде што секој „cover“ ќе добие уникатна локација. Материајот се снимаше на ексклузивни локации, а финалето се „одигра“ синоќа на плажата „Cuba Libre“, каде Петар настапи на роденденска забава на познатиот охридски бренд,
Медиумски покровител на проектот е OhridNews каде наскоро ќе биде објавен екслузивен видео материјал, кој ќе биде официјално промовиран во Центарот за култура „Григор Прличев“.
Петар Маркоски е роден 17.12.1990год. во Охрид. Музичката кариера ја започува од својата 7ма година како виолинист кој освојува 5 награди на државно ниво. Прогласен е за најдобар во својата класа и ја добива стипендијата за најмлад успешен музичар.
Официјално пеачката кариера ја започнува во 2009 година со бендот „Stuck On“ и истата година со свои авторски песни настапуваат на „Охрид Фест – Охридски Трубадури“ и „Макфест“. На фестивалот во Охрид го освојуваат второто место на дебитантската вечер и се пласираат за учество во финалната поп вечер во која завршуваат на 10 место. Наредната 2010 година повторно настапува на „Охрид Фест – Охридски Трубадури“ како соло изведувач со песната „Со тебе“ и за истата го снима својот прв видео запис. Во 2011 година активно се вклучува и зема учество во проектот на „М2“ Продукција „ Потрага по ѕвезда“ каде што се пласира помеѓу десетте финалисти. Настапи со песната „Паднати херои“ која е дело на Дарко Димитров. Истата година како новогодишно издание ја објавува својата нова песна „Како скитник“.