Велат дека животот во затвор е тежок. Во поголемиот број случаи тоа е вистина. Но ако се најдете во норвешки затвор, ќе се чувствувате повеќе од удобно.
За машките затвори се врзани повеќе предрасуди, од напорна физичка работа,поделби на кланови, тепачки, како и страв од напади за време на туширање. За сите овие работи нема место за страв во норвешките затвори.


затворениците имаат пристап до интернет

Управниците се погрижиле нивните затвореници да се чувствуваат што поудобно. Така на располагање имаат голем број друштвени игри, библиотека, пристап на интернет,а хигиената е на високо ниво.


затвор или хотелска соба?

Собите се мали, но удобни. Но тие не се единствените простории кои им се на располагање на затворениците. Во текот на денот тие се ангажирани главно на полесни физички работи, а во „слободното време“ можат да се опуштат покрај телевизор во пристојно средена просторија. Друга алтернатива им е играње одбојка во дворот.


норвешки затвор

Ако им недостигаат роднините и пријателите од надворешниот свет, слободно можат да се служат со говорниците за да бидат во контакт со нив.Се на се во Норвешка и не им е лошо на криминалците. Без многу мислење можат да уживаат во затворена заедница каде секојдневно ги служат со топол оброк и ги третираат како гости на одмор.

ohridnews