Универзитетот Џон Хопкинс во Балтимор имаше еден вчуденевидувачки, несекојдневен студент на кој му додели и диплома. Почесната диплома студентот ја доби затоа што присуствуваше на сите часови и на истите беше многу дисциплиниран. Всушност, станува збор за еден прекрасен лабрадор ретривер по име Кирш.
Тоа е куче помагач или услужно куче, кое го следело својот сопственик Карлос Мора на предавањата цела година по амфитеатрите во универзитетот во Балтимор. Поради редовното присуство и исклучителното однесување, ректоратот одлучил да му додели почесна диплома на овој необичен студент. Така едно куче стана “академски граѓанин“. Како и секој дипломец бил адекватно облечен на церемонијата при доделувањето на дипломите.