Две замрзнати тела кои биле откриени во Швајцарските Алпи со топењето на мразот се најновата тајна што ни ја издаваат глечерите кои забрзано се топат како последица на глобалното затоплување.

Мразот низ годините вратил многу работи, од бактерии до урнати воени авиони. Пронајдоците најчесто се совршено сочувани, што е случај и со овој „пронајдок“ – брачен пар кој пред 75 години излегол да молзи крави и никогаш не се вратил.

Мразот може да сочува предмети, но може како ништо да распадне и искриви огромни предмети, како на пример авион.

Како последица на климатските промени, во иднина се очекуваате уште многу нови откритија со топењето на мразот.

А.М.