Многу необичен облак се појавил над Москва и збунил многу граѓани од руската метропола, од кои многу се запрашаа дали станува збор за вонземјани. Иако експертите утврдиле дека се работи за природен феномен, атрактивноста на необичниот облак им даде повод за шпекулации на многу луѓе.


Службениот став на Московската метеоролошка служба е дека се работи за поминување на одредена количина воздушна маса во спој со Арктичките ветрови и сонце, што довело до појавување на тој необичен ефект. накратко станува збор за комбинација на повеќе природни појави во исто време и на исто место.