Улицата „Питу Гули“ полека постанува вистинска „мека“ за градење објекти. Тоа не е лошо ако се работи правилно. Пред неколку дена пишувавме за „блискоста“ помеѓу уличниот столб за осветлување и новата куќа зградена веднаш до улицата, а само неколку метри од тука се гради уште еден објект. Тука проблемот е (што добро се гледа на фотографиите) во тоа што има некое физичко „обезбедување“ кое веројатно го смислил некој од работниците и тоа во иктиза.
Неколку штици потпрени на ислужени столови тешко дека ќе послужи на намерата. Каде се оградите, заштитните мрежи, светлото навечер? Поважно, каде се градежните инспекции? Ништо. Им останува на пешаците добро да отворат очи да не се најдат 3 метри подолу, в темел.
С. Костоски
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com