Тој додаде дека неделно се одбираат по три болници во кои Комисиите за стручен надзор формирани од министерството ненајавено влегуваат во болниците и присуствуваат на прегледи на пациентите и проверуваат дали и претходно се почитувале протоколите.
Овој стручен надзор, како што кажа Османи, ќе се одвива во текот на целата година. „Ова не смее да се толкува како акција, туку како спроведување на систем. Не правиме притисок, туку спроведуваме стручен надзор што во Македонија не бил направен во последните 20 години“, рече министерот Османи.
извор: Makfaks