Поради долгото крзно на камилата чуварите во еден сафари парк во Велика Британија не знаеле дека двогрбата камила Венди ќе им подари нов член. Дури откако и го скратиле крзното пред шест седмици се посомневале дека носи младо. Но бебето го очекувале дури наредната година.
Таткото имал само три години и мислеле дека парењето нема да успее. Камилите стануваат зрели на 4-5 години. Бебето сеуште нема име и е тешко околу 40 килограми. Двогрбите камили живеат во средна Азија, се загрозена врста и стручњаците сметаат дека постојат уште 1000 единки од овој вид.