Стружанецот Ненад Костески, најверојатно, ќе биде првото засилување на Ракометниот клуб Вардар.

Десното крило со репрезентативно педигре во СРЦ „Јане Сандански“ ќе се пресели како позајмен ракометар од хрватскиот клуб, Загреб.

Костески на една од средбите со Охрид.

Како што пренесува „Gol.mk“, Вардар во трката за позајмица на Костески го победил Еурофарм Пелистер. Битолчани, пак, можат да се пофалат со ангажман на Цветан Кузманоски, кој исто така потекнува од прочуената струшката ракометна школа.

Во најскоро време, Вардар ќе го официјализира буџетот со кој располага и ќе започне со креирање на тимот за следната сезона.

OhridNews