Десното крило Ненад Костески е дебитантот кој ја искористи приликата и во одлично светло се претстави на светската ракометна сцена. Стружанецот најдобриот меч на СП го одигра во победата над Чиле, а солиден беше на дуелите со Шведска и Египет, кои Македонија ги изгуби.

Пресреќни сме што победивме и што се пласиравме во вториот круг. Победата ни значи многу, бидејќи тешко ни паднаа поразите од Шведска и Египет. Со Чиле одигравме на едно друго ниво за разлика од првите два натпревари. Јас од себе сум задоволен, затоа што сметам дека ја искористивме шансата. – рече Костески.

Тој ја анализираше Словенија и кажа како треба да игра Македонија.

Словенија е квалитетна репрезентација со голем на фонд на квалитетни и искусни репрезентативци. Сепак, ние треба да одиграме храбро од првата до последната минута и да го оставиме срцето на теренот. – изјави Костески.

Македонија и Словенија силите во првата рунда од главната рунда ќе ги одмерат утре (среда), со почеток во 15 часот и 30 минути.

OhridNews