Ронал Темпрел бил уапсен од полицијата откако украл коњ од фарма во близина на Алоа, Шкотска. Тој бил пријавен од соседи кои ја слушнале буката во доцните часови па ги повикале надлежните служби.


По неговото апсење изјавил дека откако го напуштил барот во кој пиел речиси цела ноќ неможел да најде такси, па си помислил дека ќе биде добра идеја да “позајми” коњ за побргу да стигне до својот дом. Без никакво претходно искуство му требале околу час и половина да го помине патот долг 3 километри.

За оваа негова авантура бил осуден на 12 месеци општествено корисна работа.