Охридските ракометари контролните натпревари во подготвителниот период ќе ги играат надвор од Охрид поради немањето електрична енергија во спортско рекреативниот центар „Билјанини Извори“.
Ракометарите на Охрид зимските подготовки ги минуваат во спортската сала во Велгошти, Тодор Александров, но таа не е прикладна и за одигрување на натпревари.
Охриѓани во Прилеп против истоимената екипа ќе го одиграат вториот контролен натпревар. Ривалот од Супер лигата ќе биде вистински тест за силата и квалитетот на охридските ракометари.
Во средата „гладијаторите“ му гостуваа на тимот од Битола, Работник, кој го предводат македонските ракометни легенди Александар Зарков и Иван Маркоски.
До крајот на подготвителниот период Охрид ќе одигра уште неколку контролни средби, а противниците допрва ќе се договорат.
Ohridnews