Пудлицата Меј преживеала пад од голема височина. Повреденото куче го пронашле медицински сестри од домот за стари лица во чиј двор паднала. Претпоставуваат дека паднала од канџи на птица грабливка која ја грабнала и летала со неа. Откако ја пронашле, сестрите се грижеле за кученцето додека не дошле од здружението за заштита на животни.


-Иронијата е во тоа што птицата всушност и го спаси животот. Кучето било напуштено, но не сме сигурни колку долго- изјавуваат од здружението.
Пудлицата имала скршени ребра и неколку посекотини на вратот. И била направена операција, но ќе треба да и направат уште две, кога ќе соберат финансиски средства. По опоравувањето ќе ја дадат на посвојување.