Заносните манекенки Кендис Свонпул, Бехати Принсло и Дацен Крос биле во центарот на вниманието на плажата во Мајами каде снимале реклама за „Victoria’s Secret“ под режисерската палка на Мајкл Беј.

Кендис Свонпул како вистински професионалец се појавила во костум со пастелни бои, а со својата грациозност на снимањето ја маѓепсала не само камерата, туку и целата екипа.

Неа потоа и се придружиле колешките Бехати Принсло и Дацен Крос, а режисерот Мајкл Беј можел само да се опушти додека трите врвни модели ја изведувале својата магија пред камерата. Беј, кој е и продуцент на неколку големи холивудски остварувања, моментално ја одложил работата на четвртото продолжение на филмот „Трансформерс“, како би го режирал спотот со ангелите.

Неговата добра соработка со гигантот „Victoria’s Secret“ е потврдена и од фактот што претходно веќе снимал слични спотови со Рози Хантингтон Вајтли и Адриана Лима.