Ниту една понуда не пристигна до Министерството за Економија на вториот меѓународен тендер за продажба на охридски ЕМО.

Ниту една компанија не покажа интерес за купување на некогаш реномираниот производител на електро опрема, со што пропадна и вториот обид на Владата да ги продаде 41% од акциите во ЕМО кои се нудеа со попуст од 10%.

ЕМО се продаваше заедно со ОХИС, уште еден голем загубар, за кого интерес покажала една бугарска компанија.

Вицепремиерот Зоран Ставрески по вториот неуспешен тендер најави ревизија на условите на продажба со цел да се привлечат купувачи за ЕМО.

ohridnews