Владата на 55 седница одржана денеска, го прифати предлогот на Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство, со кој патниците од странските земји, кои влегуваат на територијата на нашата држава, по завршување на временскиот период од 21 ден или 14 дена во задолжителен државен карантин, веќе нема да бидат упатувани на дополнителна домашна самоизолација.
Владата, денеска, ја донесе Уредбата со законска сила за дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата за време на вонредна состојба, со која се уредува дека за време на траење на вонредната состојба, како и по престанокот на траењето на вонредната состојба до 31.12.2020 година, при спроведување на вториот практичен дел од возачкиот испит на кандидат за возач, во возилото се присутни, претседателот на испитната комисија и испитувачот по практичен дел, информира владата.
OhridNews