Претседателските избори ќе бидат успешни ако на гласање излезат повеќе од 40 отсто од запишаните избирачи, додека за избор на градоначалници нема цензус.
Тоа значи дека за градоначалник на Охрид ќе биде избран кандидатот кој во вториот круг од изборите, што е се одржува денеска, ќе освои повеќе гласови од вкупниот број излезени гласачи.
Во Охрид во првиот круг своето право на глас го искористиле 33 585 гласачи, или 62,32 % од вкупно запишаните 53.893 гласачи во Единствениот избирачки список.