Полицијата интензивно  работи на расветлување на последните кражби на икони во охридско и струшко, но засега без конкретни резултати. Истарагата во која  е вклучен и Интерпол се одвива отежнато поради непостоење прецизна евиденција на предметите кои се одземени од сакралните објекти, вели министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска.

– Затоа ние во повеќе наврати апелиравме од Управата за заштита на културното наследство во соодветна постапка да бидат евидентирани сите предмети кои би можеле да бидат цел на одредена група заради препродажба, за  доколку се случи некој ваков настан да бидеме во состојба побрзо да реагираме, изјави Јанкуловска. Според неа подеднакво важно е навремено да бидат пријавени исчезнувањата на предметите затоа што, како што рече, колку повеќе одминува времето за полицијата е потешко да влезе во траг на крадците.


Нема трага од украдените икони од охридско и струшко

По серијата кражби во црквите во охридско струшкиот регион од каде во изминатите три месеци исчезнаа над 60 икони и други вредни артефакти Дебарско – кичевската епархија најави дека ќе набави соврмена опрема за обезбедување на црквите.Владиката Тимотеј информираше дека в0 тек е прибирање понуди за поставување видео надзор и аларми во црквите, а дел од вредното црковно богатство ќе се чува и со физичко обезбедување.

– Во црквите каде што ќе бидат собрани највредните икони, предмети и стари ракописи од епархијата ќе пристапиме и кон физичко обезбедување, со цел да се сочува ова духовно благо колку што е можно повеќе од крадци, рече г. Тимотеј.


г. Тимотеј

Според информациите од Управата за заштита на културното наследство од земјава досега се однесени преку 20 000 вредни икони, артефакти и други исклучително значајни сакрални предмети.

Ohridnews