Романскиот напаѓач Адријан Муту уште еднаш падна на допинг-тестот, потврдија од италијанскиот олимписки комитет.
По позитивниот допинг-тест спроведен на 19-ти по натпреварот со Бари кој Виола го доби со 2-1, Муту бил позитивен на тестот спроведен по средбата од Италијанскиот куп против Лацио на кој Фиорентина славеше со 3-2, а романецот постигна два гола.
Муту веднаш е суспендиран на неодредено од страна на италијанската антидопинг агенција. Ова е третиот пад на Муту на допинг тестот. Првиот и најзвучниот беше во дресот на Челси 2004 година кога тој беше суспендиран на седум месеци, поради употреба на кокаин.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com