Екипата на Бурнмат е пред испаѓање од англиската Премиер лигата откако во клучниот меч на домашен терен претрпе пораз до Саутемптон 2-0 додека Тотенхем му зададе тежок удар на Лестер во битката за Лигата на Шампиони совладувајќи го (3-0).

Избраниците на Жозе Мурињо максимално ги искористија шансите во текот на натпреварот, наспроти Лестер кој промаши неколку изгледни шанси. Џејмс Џастин со погодок во сопствената мрежа го отвори резултатот, а Хари Кејн со два погодоци го реши Лестер.

Манчестер Јунајтед со триумф против Вест Хем во мечот од 37-та рунда ќе се одлепи три бодови и во директниот дуел со Лестер на Кинг Пауер стадионот ќе биде во пол позиција за четвото место на табелата и пласман во ЛШ.

OhridNews