Цените во приватното сместување се движат од 4 до 40 евра, додека во хотелите тие се различни во зависност од аранжманот и се движат од 25 до 70 евра.
Утрово колони возила влегуваа во Охрид, каде викендов се очекува да престојуваат над 30 000 туристи. Сезоната кулминација се очекува да достигне за време на илинденските празници за кога се најавени бројни културни настани и концерти кои се очекува да привлечат голем број гости.