Стартуваше новиот шампионат во ракометната Супер лига и по резултатите остварени во првата рунда ракометарите ги очекува возбудлива сезона.
Изненадување во првото коло приреди Преспа која со 25-24 го совлада Пелистер иако во првиот дел имаа негатива од два погодоци разлика 12-10.
Токму ракометарите на Преспа се следен ривал на охридските ракометари во Супер лигата.
Резултати : Работнички – Металург 2 24-26, Зомимак М – Пролет 25-20, Преспа – Пелистер 25-24, Радовиш – Текстилец 45-25, Прилеп – Охрид 22-22.
Мх.П.