Фудбалерите на Воска Спорт се најпријатното изненадување во Втората лига Запад. Второлигашот од охридската населба Воска (2), вчера на „Билјанини извори“ во дербито на колото го совлада Вардар (3) со 2:1, со головите на Емини и Алии.
Со оваа победа Воска се зацврсти на 2та позција на табелата со 25 бода, пет повеќе од Вардар и девет помалку од лидерот Силкес (34). Токму овие две екипи ќе се сретнат меѓусебно во следното, 13-то коло, а домаќин ќе биде Воска.
ГФК Охрид, во 12то коло загуби на гостувањето во Кратово од првопласираниот Силекс 3:0. Охрид останува на 8то место со 10 бода, колку што има и Беса на 9-то место, додека на дното е Кадино со 6 бода. Во следното коло, кое на програмата е на 4ти декември, Охрид му гостува на Тетекс во Тетово.
Г.М.