Тој посочи дека најголемиот дел од долговите на Охрид кон ЕВН се направени пред десетина години и во најголем процент се однесуваат на потрошена електрична енергија за колекторот. При тоа Петрески уште еднаш го повтори ставот на општина Охрид дека за одржувањето на колекторот грижа треба да води и државата.
Петрески најави дека за проблемите на општините со ЕВН ќе се расправа на утрешниот состанок на ЗЕЛС со раководството на австриската компанија.