Решение за меѓуетничките тензии во струшкиот средношколски центар нема ниту денеска, а најавената средба помеѓу претставници на Владата, локалните власти, професорите и родителите на учениците Македонци и Албанци е одложена.

Владата соопшти дека средбата на која требаше да се разговара за надминување на проблемите во средните училишта во Струга е одложена поради неможност на професорите и родителите да се организираат за состанокот, како и поради неодложни обврски на дел од владините претставници. Оттаму најавија дека деновиве ќе биде закажана нова средба која ќе ја организира локалната самоуправа.

Ништо ново не донесе ниту состанокот на Училишниот одбор на  средното училиште „Нико Нестор“, што се одржа денеска.  Родителите Македонци инсистирале да се почитува одлуката на Министерството за образование за воведување одвоени јазични смени до крајот на оваа школска година, додека  родителите на учениците Албанци  се залагале наставата и натаму да се одвива во заеднички смени.

Во меѓувреме средношколците Македонци го продолжија бојкотот на наставата.

ohridnews