Не е планирана реконструкција на Владата. Сега е период кога се подготвуваме за идната година. Интензивно ги презентираме буџетите на секое министерство поединечно, изјави премиерот Димитар Ковачевски. Повторно дециден дека предремени парламентарни избори ќе нема.

Владата функционира во еден полн капацитети за да се справи со сите предизвици кои ги има државата, а верувајте ми дека ова е мандат 11 месеци веќе којшто е исполнет веќе со големи предизвици со какви што досега не се соочувала ниту една влада, на еконономски, на енергетски план и ајде да кажеме на планот на обезбедување, на непречено функционирање на сите институции со оглед на хибридните закани којшто доаѓаат а кои се резултат на војната која што се води во Украина, рече Ковачевски.

Премиерот Ковачевски, кој е и претседател на СДСМ, запрашан дали трибините што ги организираше неговата партија се вовед во предвремени избори кажа дека парламентарни избори ќе има заедно со претседателските во 2024 година.

Јас сум човек којшто се држи до своите ставови и не менувам ставови како други политичари и избори ќе има во 2024 година, прво претседателски, а потоа парламентарни избори. И самата анкета (ИРИ) ви покажува дека граѓаните се определни за европска иднина на државата, бидејќи доколку се погледнат внимателно процентите на партиите кои се за европска Македонија и зачленување во ЕУ и партиите кои што се за блокирање на тој процес на партиите кои се за европска Македонија и зачленување во ЕУ и партиите кои се за блокирање на тој процес, тогаш пак се гледа разлика и можете уште сега да го видите резултатот дека во 2024 ќе имаме претседател на држава којшто е за зачленување на Северна Македонија во ЕУ, а таков можеме да предложиме само ние СДСМ нормално со коалиционите партнери, рече Ковачевски.

Премиерот е убеден во 2024 година повторно ќе има Влада која што исто така ќе биде предводена од СДСМ и коалиционите партнери кои се за продолжување на европскиот пат на државата и зачленување до 2030 година во ЕУ.

OhridNews