Во последните 24 часа се направени 1.973 тестирања, а регистрирани се девет нови случаи на КОВИД-19, со што бројот на активни случаи изнесува 221. Истовремено, регистрирани се 53 оздравени пациенти, информираат од Министерството за здравство.
Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, по четворица од новозаболените се од Скопје и Тетово и еден во Кичево.
Регистрирани сe 53 оздравени пациенти и тоа од Скопје 17, од Тетово и Охрид по 9, Кичево 8, од Битола, Прилеп и Кавадарци по 2 и Куманово, Гостивар, Струмица и Дебар по 1.
Во моментов во Охрид има 4 активни случаи на Ковид 19.
OhridNews