Позицијата на САД за спорот со името меѓу Македонија и Грција е добро позната и нема промена, изјави амбасадорот Филип Рикер по изјавите на Џејмс Пердју поранешен амбасадор на САД и посредник во разговорите за Охридскиот рамковен договор во 2001 година.

„Јас мислам дека нашата позиција е многу добро позната, а исто така и позицијата на НАТО во врска со ова прашање. Нема промени во нашата позиција“ – изјави Рикер.

Минатата недела Пердју порача дека САД и ЕУ треба да посветат внимание на спорот со името   со цел да има напредок во разговорите меѓу Македонија и Грција.

OhridNews
извор:„Макфакс“