Според Имтиаз Елахи, раководител на спасувачка служба, за АП изјави дека претходните извештаи за преживеани лица во несреќата биле неточни и дека сите 146 патници и шест членови на екипажот се загинати во несреќата.
Патничкиот авион на „Ер Блу“, што сообраќал на релација Карачи – Исламабад, се урна при слетување во главниот пакистански град.
Причините за несреќата сеуште не се познати. Според информациите, авионот се обидел да слета при врнежливо време.
Првично беше соопштено дека во несреѓата има преживеани, но властите на Пакистан подоцна ги демантираа таквите информации.
извор:„Макфакс“