Нема да има директни преноси на националните телевизии од Англиската премиер лига, која започнува викендов со дерби пресметката меѓу Арсенал и Ливерпул.

Правата за емитување на англиската фудбалска сезона за 2010-2011 година регионално ги откупила компанијата “Спорт-клуб” со седиште во Белград, а која емитува сигнал и пренос на овие натпревари во поранешните југословенски простори .

Со оглед на тоа што ниту една од телевизиите не ги откупи правата за емитување на Премиер лигата, ниту пак започнала преговори за нивно пренесување, љубителите на англиски фудбал нема да гледаат бесплатно.

Како најголем проблем е преводот, бидејќи според Законот за службена употреба на македонскиот јазик , секоја програма на странски јазик мора да се емитува на територијата на Македонија исклучиво на македонски јазик.

Во случајов не смее да има коментирање на фудбалските натпревари од англиската лига на српски јазик.

Ohridnews