Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ доцна синоќа одлучи да не го прифати предлогот на опозицијата за предвремени парламентарни избори.

Според владејачката партија во моментов не постојат објективни причини и оправданост за предвремени парламентарни избори.

Опозициската СДСМ на големиот митинг одржан деновиве во Скопје и фрли ракавица на власта и побара од неа соочување на вонредни избори, кои барем засега нема да се одржат.

OhridNews