Нема повредени лица во пожарот кој утринава избувна во Безистенот во Струга, вели портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Пријавата во струшката полиција пристигнала околу 9:30 часот.
Пријавено е дека гори дел од поткровјето на Безистенот над еден деловен објект. Веднаш е интервенирано од страна на ТППЕ Струга, со што е спречено натамошното ширење на пожарот. Повредени лица нема, вели Димоски.
Според неофицијални информации, првично нема индиции дека пожарот е подметнат.
Н.С.Ј.