По налог на  општина Охрид, денеска, екипи од јавните претпријатија „ Нискоградба“, „ Градски гробишта“ и „ Охридски комуналец“  започнаа акција за оградување на просторот околу  малиот плоштад и  црквата „ Св. Софија“ со жардињери и бетонски столбчиња.

По денешната акција на оградување се очекува повеќе  да не се паркираат возила крај малиот плоштад со што се оневозможува пристап до плоштадот. Се очекува да се стави крај и на грдата слика поради нелегално паркираните  автомобили  покрај дворот на еден од најубавите сакрални објекти во градот ,катедралната црква „Св. Софија“, велат од локалната самоуправа.

OhridNews