Почнувајќи од 2016 година, повеќе нема да има крстарења по Северниот Пол. Рускиот мразокршач „50 години победа“, најголемиот брод од ваков вид на светот кој работи на нуклеарен погон, последната тура крстарења на Северниот Пол ќе ја одработи следното лето. Руската влада соопштила дека овој брод во иднина ќе го користат за сопствени потреби во текот на цела година.
Крстарењата на Северниот Пол ова лето веќе се распродадени. Бродот може да прими 18 патници, а една од најголемите атракции на крстарењата е капењето во мраз. Авантурата, меѓутоа, воопшто не е ефтина. Патниците плаќаат околу 20 илјади евра за патувањето.